Процесот започнува од подготовка на старото железо и на другите влезни материјали, потоа старото железо се топи и се рафинира со употреба на електрична и хемиска енергија, и на крајот процесот се завршува со леење на течниот челик во слабови. Челичарницата има годишен инсталиран капацитет од 550.000 мт и произведува слабови со следниве димензии: дебелина 150 – 300 мм, ширина 900 - 1.550 мм, должина 4.800 — 12.000 мм. Максималната тежина на слабот може да достигне до 30 тони.